Утрински Весник
Македонија

Мини концерт во рамки на проекот „Празниците зближуваат“ на СВР Куманово

Мини концерт во рамки на проекот „Празниците зближуваат“ на СВР Куманово

Куманово, 24 мај 2020 (МИА) – Младинскиот оркестар од кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ денеска одржа мини концерт пред платото на установата што беше пренесуван на локална телевизија, по повод двата празника Свети Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам.

Концерот се одржува во рамки на проектот кој го спроведува отсекот за превенција од СВР Куманово „Празниците зближуваат“.

– Поради моменталната состојба одбележувањето и активностите се скромни  и со почитување на мерките и препораките за заштита и спречување на Ковид 19. Годинава, мотото под кое се спроведува настанот е „Заедно за наше Куманово“ и како и досега целта е да се промовира заедништвото, почитувањето, разбирањето, изјави Виолета Богдановска од отсекот за превенција од СВР Куманово.

Пораката која ја упатуваат организаторите е дека Куманово заеднички се справи со многу предизвици, а ќе се справи и со сегашниот преку почитување на мерките и препораките на Владата и надлежните здравствени институции. ам/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта