Утрински Весник
Свет

Министрите на Г20 разговараат за зајакнување на здравствените системи ширум светот

Министрите за здравство на Г20 на најголемите светски економии денеска започнаа серија состаноци во Џакарта на кои разговараа за зајакнување на здравствените системи ширум светот во светлината на пандемијата на Ковид-19.

На состаноците ќе се разговара за изградба на систем за здравствена безбедност, усогласување на здравствените протоколи поврзани со Ковид-19, стандардизирање на меѓународните патни документи и зајакнување на фармацевтската индустрија, рече портпаролката на индонезиското Министерство за здравство, Надија Тармизи.

Тармизи најави дека на состаноците ќе присуствува и генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Глобалната соработка е клучна за надминување на оваа пандемија и подготвеност за следната“, рече Тармизи на прес-конференцијата пред првиот министерски состанок.

„Овој состанок е затоа важен момент за Г-20 бидејќи ќе им овозможи на земјите да обезбедат поддршка за зајакнување на капацитетите на здравствените системи на национално, регионално и глобално ниво“, рече Тармизи.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија