Утрински Весник
Свет

Министрите за надворешни работи на Финска и Турција вечерва на средба во Берлин

Img 5587

Министрите за надворешни работи на Финска и Турција ќе се сретнат вечерва во Берлин за да се обидат да ги решат несогласувањата околу планот на Финска и Шведска да влезат во НАТО, изјави шефот на финската дипломатија Пека Хавесто.

„ Сигурен сум дека ќе најдеме решение“, изјави тој за новинарите по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин.

300x250 (7)

Тој додаде дека вчера разговарал со неговиот „добар колега“, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесе „Ројтерс“.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави претходно денеска дека Турција не ги затворила вратите за влез на Шведска и Финска во НАТО, но дека сака преговори со тие нордиски земји и сузбивање на, како што смета, терористичките активности, особено во Стокхолм.

Турскиот претседател ги изненади членките на НАТО и двете нордиски земји кои бараат прием во Северноатлантската алијанса, велејќи во петокот дека не е можно Турција да го поддржи проширувањето на алијансата бидејќи Финска и Шведска се „земји домаќини на многу терористички организации“.

Ss1

Можете да прочитате

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард