Утрински Весник
Економија

Министерство за транспорт и врски: Отуѓувањето на земјиштето на парцелата кај Холидеј Ин е извршено според законската регулатива

Министерство за транспорт и врски: Отуѓувањето на земјиштето на парцелата кај Холидеј Ин е извршено според законската регулатива
Ss2

Скопје, 15 мај 2020

Во однос на информациите што денеска беа истакнати од претставници на Државната комисија за спречување на корупција, а во однос на отуѓување на државно земјиште на парцелата наспроти хотел Холидеј Ин, сакаме да го појасниме следново 

Ss1

Според член 68 од Законот за градежно земјиште, градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела. Според членот 65 став (2) од Законот, отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија со непосредна спогодба се врши по поднесено барање од физичко или правно лице. 

Во конкретниот случај, постапката за отуѓување на државното земјиште, Министерството за транспорт и врски ја изврши според позитивната законска регулатива.  

Сакаме да потенцираме, пред отуѓување на државното земјиште, Министерството за транспорт и врски изготви Решение за отуѓување и таквото Решение го достави до Државното правобранителство.  

Во конкретниот случај, Државното правобранителство даде позитивно мислење за отуѓување на конкретната градежна парцела, што значи дека за отуѓување на конкретната парцела се исполнети сите услови од Законот за градежно земјиште и плус позитивното мислење од Државното правобранителство дека конкретната парцела може да се отуѓи.  

Со тоа, ги отфрламе сите обиди со кои се дава сомнеж на постапката за отуѓување на градежната парцела.  

Во однос на тоа  што се предвидува да се гради на конкретната парцела, не одлучува Министерството за транспорт и врски, туку одлучува општина Центар и граѓаните на општина Центар.

Министерство за транспорт и врски

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница