Утрински Весник
Македонија

Министерство за култура: Правиме напори да ги исплатиме парите на сите што реализирале проекти во 2020 година

Министерство за култура: Правиме напори да ги исплатиме парите на сите што реализирале проекти во 2020 година

Владата на РС Македонија, со заклучок од седницата одржана на 9.2.2021 год., го задолжи министерството за култура да не ги исплаќа финансиските средства на други корисници без да ја утврди законската основаност, стои во писменото соопштение од министерството за култура.

Од оваа институција додаваат дека министерството прави напори да ги исплати парите на корисниците што ги реализирале проектите во 2020 година.

„Свесни сме дека ваквото пролонгирање предизвикува последици кај корисниците, затоа министерството за култура и во овој период ги презема сите неопходни чекори за надминување на настанатата состојба. Во таа насока, во тек е изработката на извештаи врз чија основа министерството за култура ќе ја информира Владата за разрешувањето на оваа состојба. Министерството за култура сè уште го чека исходот од истрагата што ја спроведува финансиската полиција за поддршката на избраните проекти од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес за културата за 2020 година“, е наведено во писменото соопштение.

Можете да прочитате

Kонтрола во угостителски објект во Свети Николе, затекнати 26 малолетници после 24:00 часот

Шок во јавно претпријатие: Директорот им земал пари од платите на 76 вработени

Предлогот за новите министри на ВРЕДИ сепак се уште не е пристигнат до пратениците