Утрински Весник
Македонија

Министерство за здравство: Вчера се вакцинирале 6.521 граѓани

ЕМА: „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до месец дена

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 243.832 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.249 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 369.661 дози вакцини, а ревакцинирани се 125.829 граѓани, информира министерството за здравство.

Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, дообјаснуваат од оваа институција.

Според МЗ, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 438.879 граѓани.

„Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 Арена- СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп“, велат од здравство.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Можете да прочитате

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме