Утрински Весник
Македонија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ со неточни, несериозни и лажни информации собира дневно-политички поени

Три сомнителни случаи тестирани за коронавирус, за двајца резултатите негативни, за едниот се очекуваат
Img 5587

1 март 2020 

На денешната прес-конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ изнесе низа лаги, клевети и неточни информации за министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

300x250 (7)

Еве што се излажал Стоилковски и за што треба да се извини:

Прво, родителите на сопругата на министерот Филипче не располагаат со земјиште од 13 илјади квадратни метри, туку со околу 5000 квадратни метри, од кои најголемиот дел се земјоделство земјиште. Семејството гради само семејна куќа, на плац од 600 квадрати. Земјиштето е купено во 2015 година кога Венко Филипче не беше на функција министер за здравство.

Второ, компанијата која наводно се поврзува со министерот Филипче апсолутно не е на ниеден начин поврзана со него, ниту пак тој доделувал тендери за истата во висина од 7 милиони евра како што обвинува Стоилковски.

Трето, фирмата „Синерџи“ во Министерството за здравство има аплицирано на само една јавна набавка, којашто е во висина од 35 милиони денари, добиена во регуларна тендерска процедура.

Четврто и најсмешно, сопругата на министерот воопшто не се вика Маја како што наведува Стоилковски, што уште еднаш се докажа какви неточни, несериозни и лажни информации пласира Стоилкоски за дневно политички поени.

Оваа срамна прес-конференција со лажни обвинувања се должат на успешната работа на министерот и желбата на ВМРО-ДПМНЕ да ја дискредитира таа работа по секоја цена.

Уште пострашно е што во период кога министерот и медицинскиот персонал е посветен на справување со корона вирусот, Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку лаги да ја дефокусираат јавноста.

Министерство за здравство

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Велигден нѐ обединува околу вистинските вредности за подобра иднина и напредок

Пендаровски: Сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации  ќе бидат беспредметни

Битиќи: Да избереме за Македонија која ќе напредува кон единството во различностите