Утрински Весник
Македонија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови, и реагенси за Ковид-19

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови, и реагенси за Ковид-19
Img 5587

Министерството за здравство ги осудува како што велат од таму, лагите кои ги пласира партијата ВМРО-ДПМНЕ и ја повикува опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните. Од оваа институција реагираат на соопштението од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека во државата има проблем со вакцини и набавка на реагенси.

„Апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР тестови. Апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. Во земјава дневно може да се прават 4-5000 тестови за Ковид-19 и сите закажувања се реализираат тековно, а резултатите се објавуваат за најмногу 24 часа. Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да биде на страна на лагата, секојдневно да креира лажни сценарија дека во болниците нема кислород, дека здравствените работници на знаат да лекуваат па затоа смртноста е голема“, стои во писмената реакција од министерството за здравство.

Img 5587

Според оваа институција, ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија одлучила да го опструира процесот на набавка на вакцини, пласирајќи во јавноста фалсификувани документи со невистинити суми лажејќи дека вакцини се набавуваат со провизии.

„За ВМРО ДПМНЕ небитни се луѓето кои се вакцинираат против Ковид-19. Тажно е што и од процесот на имунизација на возрасните граѓани, вработените во критичната инфраструктура, здравствените работници ВМРО ДПМНЕ сака политички да профитира“, реагира министерствотo за здравство.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани