Утрински Весник
Економија

Министерство за економија: Ќе обезбедиме одржливо рударство, преку најсовремени техники

Министерство за економија: Ќе обезбедиме одржливо рударство, преку најсовремени техники
Dik 300x250 mk

Во пресрет на 28. август – Денот на рударите, Министерството за економија го честита празникот на сите рудари.

„Рударството претставува базата за развој на индустријата во една држава, а рударите претставуваат наш бесценет човечки ресурс и должни сме да им обезбедиме што подобри услови за работа. Во таа насока, заложба на оваа Влада е да озбезбеди одржливо рударство, преку користење на најдобрите и најсовремените техники во оваа индустриска гранка, а влијанието врз животната средина и здравјето на луѓето да се сведе на минимум“, се посочува во соопштението.

Во него се истакнува дека овој стопански сектор, и придружните сектори кои го опслужуваат, бројат над 10.000 вработени, а во вкупното индустриско производство секторот Рударство и вадењето на камен учествува со 8,3%.

„Натамошниот развој во овој сектор е единствено можен со континуирани вложувања во модернизација со што ќе се обезбеди заштита на животната средина и ќе го поттикне локалниот економски развој“, посочуваат од министерството за економија и додаваат дека Владата со несмалено темпо ќе ги продолжи планираните активности во секторот рударство.

Годинава традиционалната прослава по повод Денот на рударите, која ја организира Министерството за економија нема да се одржи поради епидемијата предизвикана од коронавирусот, но на сите рудари министерството им посакува добро здравје, мир и благосостојба.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност