Утрински Весник
Македонија

Министерството за труд и социјална политика отвори канцеларија во Дојран

Министерството за труд и социјална политика отвори канцеларија во Дојран

Гевгелија,10 април 2020 (МИА) – Од денеска во Дојран трајно ќе функционира канцеларија на Министерството за труд и социјална политика, што се наоѓа во објект веднаш до зградата на локалната самоуправа, информираше преку ФБ градоначалникот Анго Ангов.

Тој ги информираше домаќинствата на општината, кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија, дека во новоотворената канцеларија ќе можат да поднесуваат барања за искористување на правото за гарантирана минимална парична помош.

Материјалната необезбеденот на апликантите ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на приходите на сите членови од семејството остварени само во последниот месец, а не како до сега во изминатите три месеци.

Износот на правото што ќе се оствари ќе се движи од 4 до 10 илјади денари во зависност од бројноста на семејствата, а оние што ќе станат корисници на гарантираната минимална парична помош ќе добијат и паричен додаток од по 1.000 денари за покривање на трошоци за енергенси за месеците март и април 2020 година. им/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Оставка од Трипуновски по двата големи скандали со поткуп во Министерството

По шест дена штрајк со глад: Сопругот на исчезнатата Злата итно хоспитализиран 

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027 пред предвидениот рок