Утрински Весник
Македонија

Министерството за труд и руската амбасада подготвени за соработка и во услови на корона-криза

Министерството за труд и руската амбасада подготвени за соработка и во услови на корона-криза

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата се разговарало за предизвиците во време на Ковид-19 пандемијата и тешките услови за економијата кои таа ги предизвикува.

„Кризата со пандемијата беше неочекувана за сите нас, таа предизвика здравствена криза и криза на економиите во целиот свет и сега е најважно да се заложиме за сочувување на секое работно место и да помогнеме на сите граѓани, особено на оние најранливите кои се во социјален ризик. Заедно со мојот тим секојдневно дискутираме околу можностите колку што е можно повеќе да обезбедиме пристојни услови за живот и за децата кои потекнуваат од семејства од социјален ризик”, посочила Шахпаска.

На крајот од средбата министерката и амбасадорот Баздникин посакале здравје за граѓаните на двете држави и изразиле отвореност за соработка и надеж дека таа ќе придонесе што повеќе во интерес на сите.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Две лица во куќен притвор и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за коруптивни дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Уставен суд: Прашањето за пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание

Нема да се плаќаат никакви давачки на курирските служби што ги доставуваат пратките од Тему по воведувањето на ДДВ