Утрински Весник
Македонија

Министерството за одбрана на прво место според Индексот за активна транспарентност

Министерството за одбрана на прво место според Индексот за активна транспарентност
Dik 300x250 mk

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Министерството за одбрана е лидер на листата на сите институции на централно и на локално ниво во активната транспарентност, покажува извештајот за Индексот на активна транспарентност 2020, што го објави денеска Центарот за граѓански комуникации.

Како што соопшти МО, тоа е скок за 40 места според активната транспарентност на Министерството за одбрана, за само три години.

– Првпат во последните пет години откако се изработува овој индекс, едно министерство се наоѓа на врвот на табелата. Годинава на прво место со најголема активна транспарентност е Министерството за одбрана. Најголем пораст има кај Министерството за одбрана, кое со 97,9 проценти е најдобро рангирано министерство, но и најдобро рангирана институција од сите 98, стои во извештајот.

Под „активна транспарентност“, се појаснува во соопштението, се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.

Од МО наведуваат дека последните три години се направени големи чекори напред во однос на достапноста на информациите за работењето на министерството за одбрана.

– Фактот дека последните години сме во врвот, а годинава на првото место покажува дека Министерството за одбрана како одговорна институција не отстапува од зацртаната определба да биде целосно отворено за јавноста и граѓаните за кои и постоиме, се наведува во соопштението од МО. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Попладнево голема полициска во ИПАРД Агенцијата

АВМУ: 562 часа платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од кампањата за Локалните избори