Утрински Весник
Македонија

Министерството за здравство го потпиша договорот за набавка на кинеската вакцина

Министерството за здравство го потпиша договорот за набавка на кинеската вакцина

Министерот за здравство, Венко Филипче, го потпиша договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“.

Со договорот, Македонија од кинеската компанија обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец, а точниот датум на пристигање и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови.

„Министерството за здравство почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност, а во согласно со глобална политика на сите компании за производство на вакцини, вклучително и на „Синофарм“, податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи“, велат од МЗ.

Од таму велат дека е направен детален план за транспорт на вакцината од аеродром до економските оператори (веледрогерии) кои се задолжени за складирање на количините, а потоа и план за дистрибуција до вакцинални пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата.

Вакцината на „Синофарм“ се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, а вакцините се пакувани во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината.

Овој тип на вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, поради тоа може да се даваат на сите граѓани, без ограничување по било кој основ. Конкретно за оваа вакцина, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент.

Први ќе се вакцинираат здравствените работници од ковид – центрите, матичните лекари и останатите вработени во матичните ординации, вработените во Итна помош и други здравствени работници опфатени во првата група од Фаза 1, како и возрасните граѓани над 70 години.

„Сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните. Производителите на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а некои производители дополнително се регистрирани и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови“, велат од МЗ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег