Утрински Весник
Македонија

Министерот Чулев во посета на полициските службеници на пунктовите во Скопје

Министерот Чулев во посета на полициските службеници на пунктовите во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 19 април 2020 (МИА) – По повод големиот христијански празник Велигден, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев придружуван од раководството на СВР Скопје синоќа ги посети колегите, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби во општините Гази Баба, Зелениково и Кисела Вода.

На полициските службеници од православна вероисповед министерот Чулев ѝм го честиташе големиот христијански празник Велигден, а на останатите колеги им посака мирна работна вечер.

Од страна на полициските службеници, соопшти денеска МВР, Чулев бил информиран дека изминатата вечер на улиците на главниот град било мирно и без посериозно прекршување на Законот, а граѓаните на Скопје ги почитуваат мерките за ограничување на движењето кои се донесени од страна на Владата.

Министерот Чулев им се заблагодари на сите граѓани за високата свесност за улогата на секој поединец во борбата со невидливиот непријател што во овие важни моменти за сите нас, како што рекол, ја покажуваат на дело.

– На овој голем празник Велигден посакувам емпатијата, меѓусебната поддршка, почитувањето и разбирањето да бидат наши водилки во периодот што следи, истакнал Чулев при посетата. цр/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН под притисок од базата – Се бара смена на Фатмир Лимани?!

Нацев: Не сум сопственик на „Рубикон“, ова е политички конструиран случај

Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија