Утрински Весник
Македонија

Министерот Филипче ќе остане 14 дена во самоизолација – важат истите правила како за сите

Во тек технички подготовки Филипче од својот дом да одржи прес-конференција или да има видео обраќање
Ss2

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче ќе остане 14 дена во самоизолација и ќе важат истите правила како за сите, без разлика што нема официјално решение врз основа на епидемиолошката анкета.

Одговарајаќи на новинарско прашање колку време ќе остане во самоизоалција, министерот Филипче, посочи дека иако по епидемиолошката анкета ризикот е мал, сака да покаже личен пример.

Img 5587

– Ќе останам 14 дена во самоизолација, иако беше оценето после епидемиолошката анкета дека ризикот е мал. Сепак сметам дека и на најмал ризик треба да се пристапи сериозно, за здравјето на најблиските, големиот број вработени во Министерството за здравство, за моето лично здравје и секако пример што сакам да го дадам на сите граѓани, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на онлајн прес видеосесија за КОВИД-19 на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“. аа/цр/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ