Утрински Весник
Македонија

Министерот Спасовски се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз

Министерот Спасовски се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз
Dik 300x250 mk

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, придружувана од Џоана Кецман, директор на ИНЛ при Амбасадата на САД.

На средбата беа потврдени партнерството и одличната соработка кои Македонија и САД ги негуваат со децении наназад.

Акцентот на средбата беше ставен на тековните проекти кои со поддршка на американската Амбасада се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, континуитетот во заедничката соработка во борбата против тероризмот, компјутерскиот криминал и други форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста на државата.

Можете да прочитате

ДИК: Во 33 општини завршија изборите за градоначалник, поднесени приговори во 11 општини

Беровчанец повреден откако паднал од скеле

Опожарено возило во скопски Чаир