Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерката Шахпаска ќе присуствува на вториот министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево

Министерката Шахпаска ќе присуствува на вториот министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево
300x250 opst2

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево отпатува за Сараево, БиХ, каде ќе учествува на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите, соопштија од нејзиниот кабинет.

На состанокот, кој е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот Совет за Соработка, ќе учествуваат министрите од Западен Балкан кои се одговорни за интеграцијата на Ромите, како и претставници од Европската Комисија и меѓународни невладини организации кои се ангажирани во делот на интеграцијата на Ромите.

Министрите и претставниците од Европската Комисија, како што е посочено во соопштението ќе разговараат за напредокот што земјите од Западен Балкан го имаат во делот на имплементацијата на заклучоците од Првиот министерски состанок што се одржа во Албанија во октомври минатата година.

Заклучоците од состанокот од министерскиот состанок што ќе се одржи утре во Сараево, се очекува да бидат поддржани на Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, што ќе се одржи на 5 јули, во Берлин, Германија.

Можете да прочитате

Марјановиќ: Пациентките со рак на дојка се соочуваат со повеќе проблеми, пари за терапија има, ама треба да се менува начинот на набавка

Поднесени кривични пријави против поранешен директор на Комуналец Струмица

77-годишна скопјанка измамена за 3.000 евра, уште една измама со лажна сообраќајна несреќа