Утрински Весник
Спорт

Минималец на Наполи во Торино

Dik 300x250 mk

Екипата на Наполи успеа да забележи нова победа во Серија А, тие денеска го совладаа Торино во 36.коло од италијанското првенство.

Гостите кои се уште се во игра за титулата, но само математички, беа подобар ривал во текот на целиот дуел, на крајот заслужено славеа, но со минимален резултат.

По првите 45 минути немаше голови, за Наполи да биде многу подобар во продолжение, Лоренцо Инсиње дури промаши пенал во 60. минута и веднаш потоа и уште една голема шанса кога беше себичен.

Решавачкиот момент се случи во 73.минита, кога Фабијан Руиз го совлада Бериша.

Торино од 2015 година нема победа над Наполи. Во овој период Наполи забележа девет победи.

Наполи сега има пет бода помалку од Интер на две кола до крајот на шампионатот, но доколку Милан утре ја совлада Верона, Наполитанците ќе останат без шанси за титулата.



> Минималец на Наполи во Торино <

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување