Утрински Весник
Култура

Милчо Манчевски ја освои наградата за најдобар режисер на Рејнденс во Лондон

Милчо Манчевски ја освои наградата за најдобар режисер на Рејнденс во Лондон

Милчо Манчевски ја освои престижната награда за најдобар режисер на фестивалот Рејнденс во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот, каде неговиот филм „Врба“ ја имаше британската премиера.

Жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ги додели престижните награди во 8 категории, а „Врба“ имаше номинации за најдобар филм и за најдобар режисер.

На денешната церемонија што се одвиваше онлајн, Манчевски им ја посвети оваа награда на двете британски продуцентски легенди, Сајмон Пери, кој беше најзаслужен за да се случи неговиот прв филм „Пред дождот“, и на покојниот Ник Пауел, кој стои зад „Врба“.

Ова е трет трофеј што „Врба“ го освои во рок од две недели, откако минатата недела шпанската и американската премиера беа крунисани со престижната Сребрена палма во Валенција, Шпанија, и наградата за Најдобар филм на фестивалот Синеквест во САД.

Британската премиера на „Врба“ на Рејнденс беше на 5 ноември во селекцијата Женски поглед. Организаторот на фестивалот го издвои „Врба“ како еден од хитовите на програмата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“