Утрински Весник
Магазин

Милионер завршил во затвор затоа што на аеродром носел танга-гаќички наместо маска

Милионер завршил во затвор затоа што на аеродром носел танга-гаќички наместо маска
Ss2

Милионерот Џон Мекафи тврди дека бил уапсен во Германија затоа што на лицето ставил танга-гаќички наместо маска.

„Бев во затвор“, напиша тој во изјавата објаснувајќи дека не го пуштиле да влезе во Германија затоа што немал маска.

„Тие побараа да ставиме маски. Јас ставив танга-гаќички. Тие бараа да ги извадам и да ставам маска. Одбив. Тепачка, затвор, помодрено око, ослободување“, напиша тој.

Додека Џон наводно бил во затвор, неговиот профил на „Твитер“ го презела неговата сопруга Џенис, која напишала неколку објави.

„Неговата маска од танга-гаќички не го рециклира јаглеродиот диоксид што го издишува како обичната маска (луѓето кои имаат проблем со дишењето се ослободени од носење маска затоа што маската им го отежнува дишењето). Маските запираат бактерии, а не вируси. Тој беше уапсен поради она во кое верува“, напиша таа во една од објавите.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Ова се работите кои привлекуваат лоша среќа во вашиот дом

Швеѓанец возел Тесла и заспал, му требале 40 км за да се разбуди

Светските богаташи даваат 465.000 евра на „ултра ексклузивни“ пакети за Олимпијадата во Париз