Утрински Весник
Спорт

Милевски пред дуелот со Германија: Да дадеме максимум и да уживаме во мечот!

Милевски пред дуелот со Германија: Да дадеме максимум и да уживаме во мечот!
Ss2

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска на официјалната прес-конференција пред утрешниот квалификациски дуел против фаворитот Германија во Скопје вели дека нашата селекција треба да влезе со верба дека може да победи, без разлика на противникот.

Нашите фудбалери со убедлив триумф кај Лихтенштајн (4-0) влегуваат во овој дуел на кој „Панцирите“ сигурно ќе бараат одмазда за поразот што „рисовите“ им го нанесоа во Дуизбург.

300x250 (7)

„Мора да бидеме на едно врвно ниво во тактичката дисциплина, да бидеме прецизни во изведбата на тактиката и инивидуално и поединечно. Го почитуваме противничкиот тим, тоа е силен состав, сите знаеме која е Германија, но за утрешниот резултат ќе се прашува и Македонија. Треба да веруваме во себе, секогаш кога ќе излеземе на терен“ смета Милевски.

Тој смета дека со новиот селектор германските репрезентативци сега се со нови задолженија.

„Сегашниот начин на кој игра Германија е многу поразличен од тој со претходниот селектор. Тие се играчите, но со сосема различни задолженија. Сега како ќе одиграат утре, тоа низ анализите можеме да го претпоставиме, но не е гаранција дека така ќе играат и со нас. Не очекува меч во кој треба да го дадеме максимумот и да уживаме во натпреварот, за да постигнеме резултат треба да бидеме на највисоко ниво. Сите селекции па дури и Германија имаат слаби страни, наше е да ги искористиме“ категоричен е Милевски.

Селекторот повторно потенцираше дека главна цел на овој македонски состав е воигрување за следните квалификации.

„Ние имаме јасна цел и визија. Сме во една фаза на создавање на нов лик и нова физиономија на репрезентацијата со крајна цел на создавање на тим кој ќе биде конкурентен за квалификациите за ЕП, дотогаш секој меч ќе ни служи за да ги реализираме новите идеи и замили. Ги гледам играчите дека новиот стил им годи и тоа ми радува“ заклучи тој.
Фото: ФФМ

> Милевски пред дуелот со Германија: Да дадеме максимум и да уживаме во мечот! <

Ss1

Можете да прочитате

Доминација на руските тенисери: Медведев и Рубљов станаа првите четвртфиналисти на турнирот во Мадрид

Почнува полуфиналната пресметка во ЛШ со судир на титаните Баерн Минхен – Реал Мадрид

Лејкерс елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот