Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Милан ќе добие нов стадион

300x250 opst2

Милан и Интер, великаните на италијанскиот фудбал, со децении го делат стадионот во Милано. Во моменти кога двата клуба водат голема борба за шампионската титула, новите газди, на Милан, компанијата „Инвесткорп“ најавија дека клубот ќе добие нов стадион.

Компанијата од Бахреин е блиску до преземање на сопственоста на фудбалскиот клуб Милан, а новите сопственици сакаат да изградат посебен стадион, објавија денеска италијанските медиуми.

Договорот за преземање од 1,18 милијарди долари се очекува да биде финализиран следната недела, кога треба да бидат потпишани прелиминарните договори.

Извршниот директор на компанијата, Мохамед Ел Арди е убеден дека Милан треба да има свој стадион, а не да го дели со градскиот ривал Интер.

Ел Арди смета дека стадионот мора да биде во сопственост на Милан и секој ден да биде посветен на навивачите на клубот.

> Милан ќе добие нов стадион <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај