Утрински Весник
Спорт

Милан неколку недели без Мењан

Милан неколку недели без Мењан

Фудбалскиот клуб Милан неколку недели ќе биде без првиот голман Мајк Мењан. Францускиот голман го повредил зглобот, потребна е операција, поради што ќе отсуствува неколку недели.

Мењан, во летниот преоден рок дојде во Милан и се покажа како вистинска замена за Џиџи Донарума. Тој само ја прошири листата на повредени на „Сан Сиро“ на која од претходно се Давиде Калабрија, Алесандро Флоренци, Темује Бакајоко, Раде Круниќ, Жуниор Месијас и Златан Ибрахимовиќ.

Поради повредата и краткото отсуство кое го очекува Мењан, Милан реши да го ангажира ветеранот Антонио Миранте. Поранешниот голман на Рома потпиша едногодишен договор со Рома.

38-годишникот ќе му биде резерва на Ципријан Татарушану.

> Милан неколку недели без Мењан <

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ