Утрински Весник
Спорт

Милан и Јунајтед во преговори за Ерик Баи

Милан и Јунајтед во преговори за Ерик Баи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милан и Манчестер јунајтед ги започнале преговорите за трансферот на Ерик Баи. Намерата на клубот од Милан е да го позајми репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска.

Манчестер јунајтед ја разгледува понудата, бидејќи менаџерот Ралф Рангник, не смета на неговите услуги. Исто така фудбалерот има желба да игра во Серија А.

Баи, во Манчестер јунајтед, пристигна во ерата на Жозе Мурињо. Во 2016 година, Јунајтед на Виљљареал, им платија 30.000.000 евра.

Престојот на Баи на „Олд Трафорд“ го обележаа повредите. За пет и пол години одиграл само 113 натпревари, најчесто како резерва.

> Милан и Јунајтед во преговори за Ерик Баи <

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk