Утрински Весник
Спорт

„Милан вложија 1,5 милиони во тимот, ќе биде катастрофа за Интер ако тие станат шампиони“

„Милан вложија 1,5 милиони во тимот, ќе биде катастрофа за Интер ако тие станат шампиони“

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано, кој во кариерата играл за Интер и Милан, рекол дека реваншот во Купот против Јувентус, има исклучителна важност за екипата на Антонио Конте.

Јувентус вечерва ќе го пречека Интер, во полу-финалниот реванш. Првиот натпревар, одигран минатата недела, им припадна на фудбалерите на Јувентус (2:1).

„Интер, во летниот преоден рок, му ги донесе сите играчи на Конте кој тој ги побара, едноставно тие мора да го победата Јувентус. Елиминирани се од европските натпреварувања и сезоната без трофеј во Италија ќе биде катастрофа“, рекол Касано и дополнил.

„Милан изгради тим за 1,5 милиони евра и има неверојатна сезона. Ако Милан ја освојат титулата за Интер тоа ќе биде трагедија“.

> „Милан вложија 1,5 милиони во тимот, ќе биде катастрофа за Интер ако тие станат шампиони“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите