Рашела Мизрахи, кандидат за пратеник на листата на кандидати од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во втората изборна единица, денеска пред Музејот на македонската борба се осврна на тоа дека мора да се победи омразата која постои.
„Често пати се слуша призвук на антисемитизам во Република Македонија. За мене малку погласно од јануари годинава. Моето семејство е дојдено во Република Македонија по прогонот во 1492 од Шпанија, значи старо скопско семејство. Никогаш не се чувствував поинаква, никогаш не ми беше спомнато зошто моето е вакво или онакво, или дали сум поинаква која е мојата верска или национална припадност. Напротив се чувстував како една од сите и сеуште се чувствувам исто“, рече Мизрахи.
Таа даде и одговор и објаснување за тоа што е антисемитизам.
„Антисемитизам е она кога омразата и гневот ќе преминат во лудило, а лудилото ќе премине во пандемија. Важно е да зборуваме за антисемитизам, затоа што во основа е омраза која ги поткопува темелите на демократијата и им се заканува на слободните граѓани. Тоа значи дека антисемитизмот не ги афектира само Евреите, ги афектира сите затоа велиме дека тој почнува со Евреите, но никогаш не завршува со нив“, порача Мизрахи и додаде дека е длабоко благодарна на ситекои изреагирале на, како што рече, бурно инсценираните политички напади врз неа.
Текстот Мизрахи: Омразата која постои мора да се победи, ќе донесеме еднаквост меѓу сите е превземен од МАКФАКС.