Утрински Весник
Македонија

Мигрант од Алжир со украдено возило уапсен во Македонска Каменица

МВР Билтен (ДПЛ)
Dik 300x250 mk

Македонска Каменица, 13 мај 2020 (МИА)  – Полициска патрола пресретна мигрант од Алжир со украдено возило во селото Саса, по што тој бил приведен во полициската станица во Македонска Каменица.
-Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во с.Саса го лишија од слобода О.Н.(24) од Алжир, затоа што одзел патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, кое во СВР Куманово на 11.05.2020 година било пријавено за одземено. О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот, се вели во соопштението од полицијата.
Мигрантот вниманието на полицијата го привлекол, откако претходно до полицијата неколку дена претходно возилото било пријавено како украдено, а било забележано во село Саса.
Согласно законот, за ваквите постапки спрема прекршителот предвидена е кривична пријава за кражба и за нелегален влез и престој во нашата држава. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Мора да одговара секој кој ќе биде фатен во корупција или криминал

Приведени две лица од гостиварско, пронајдена дрога

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти