Утрински Весник
Македонија

Мигрантите во превртениот камион кај Валандово биле од Сирија

Dik 300x250 mk

На 10.08.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат М-1, во близина на клучка за село Марвинци, валандовско, товарно возило „сканија“ со приколка, со скопски регистерски ознаки, излетало од патот.

dobivaj vesti na viber

Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени 49 мигранти, кои според нивно кажување се од Сирија.

Во несреќата едно лице мигрант се здобило со тешки телесни повреди, а 34 се здобиле со телесни повреди, констатирани во медицинските центри во Гевгелија и Струмица.

Останатите лица мигранти се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.

 

Можете да прочитате

Бомба М75 поставена на автомобил во гаража на скопјанец, сопственикот добил заканувачки пораки!

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железничкиот тунел на Коридорот 8

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ! Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!