Утрински Весник
Магазин

Миа Фароу се плаши од својот поранешен партнер Вуди Ален

Миа Фароу се плаши од својот поранешен партнер Вуди Ален

Sвездата на „Хана и нејзините сестри“ беше во врска со 85-годишниот режисер помеѓу 1980 и 1992 година, а речиси 30 години по разделбата, актерката вели дека се плаши од поранешниот партнер.

Миа говори во воведот на новата документарна серија на „Ејч-би-о“, „Ален против Фароу“, која го истражува распадот на нивната врска – што започна кога Ален имаше афера со неговата сегашна сопруга и посвоена ќерка на Миа, Сун Ји Превин, и обвинувањата за сексуалното злоставување на нивната посвоена ќерка Дилан Фароу.

Миа (76) изрази загриженост дека документарецот „повторно ќе го стави Ален во напад за да се спаси од вистината“.

Говорејќи во прегледот на серијата од четири дела – чија премиера е во недела (21 февруари) – Миа рече: „Не знам, само се плашам. Се плашам од него. Лице кое нема допир со вистината ќе стори сé. Личност која може да стори сé е некој од кого треба да се плашиме.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста