Утрински Весник
Македонија

МЗ: Кампања за имунизација на ризични групи против тешка форма на Ковид-19, за два дена вакцинирани 1.500 лица

МЗ: Кампања за имунизација на ризични групи против тешка форма на Ковид-19, за два дена вакцинирани 1.500 лица
Dik 300x250 mk

Во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица (со прва и трета доза).

„Преку СМС пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку МојТермин. Апел до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје. Сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на Ковид-19“, е наведено во писмениот допис од Министерството за здравство.

Кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес.

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца