Утрински Весник
Македонија

МЗ: Европската недела на имунизација со порака-вакцинацијата спасува живот

МЗ: Европската недела на имунизација со порака-вакцинацијата спасува живот
Dik 300x250 mk

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Европската недела на имунизација ја промовира основната порака – имунизацијата е неопходна за да се спречат болести и да се заштити животот. Достапни се ефективни и безбедни вакцини, кои штитат од голем број сериозни заболувања, а се развиваат и многу нови ветувачки вакцини, соопшти Министерството за здравство.

Континуирано, посочуваат од Министерството, преземаме бројни активности за унапредување на веќе успешниот систем за имунизација во државата спроведуван од страна на службите за имунизација во здравствените домови и навремено обезбедуваме вакцини од светски реномирани производители, кои задолжително исполнуваат строги критериуми за квалитет.

Во однос на актуелната ситуација со коронавирусот и континуираното и тековно спроведување на имунизацијата, уште на самиот почеток, Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизација донесе препорака дека вакцинацијата треба/мора да се спроведува континуирано, согласно Календарот за имунизација. Минатата година успешно се справивме со епидемијата на мали сипаници. Со преземањето интензивните мерки со цел заштита на населението од епидемијата, од почетокот до нејзиното одјавувањето се вакцинираа 49.332. Во 21 век, секое дете има право да живее ослободено од болести што можат да се спречат од вакцинирање, но овие болести сè уште претставуваат значителни закани во Европскиот регион. Како резултат на тоа, зајакнувањето на имунизацијата останува клучна активност, потенцираат од Министерството за здравство. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

М-НАВ ангажира адвокати по 12.000 денари на час или 9.600 евра само за 48 часа

Таравари: Албанската опозиција доби над 25% повеќе гласови од ВЛЕН