Утрински Весник
Македонија

МЗ: До 16 часот шест нови случаи со коронавирус, вкупно 48 заразени

МЗ: Сите денеска тестирани негативни на коронавирус

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека до 16 часот дијагностицирани се шест нови пациенти, заболени со коронавирус, со што вкупниот број заразени изнесува 48.

– Се работи за едно четиригодишно девојче од Штип, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми. Во Дебар се регистрирани три нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот. Во Скопје е регистриран еден случај, контакт на претходно дијагностицираните. И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија, стои во сооштението.

Од Министерството посочуваат дека во моментов се тестираат 35 лица, за кои ќе информираат веднаш по добивање на резултатите. рп/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”