Утрински Весник
Македонија

МЗ: Во третманот на позитивни пациенти на Ковид-19, матичните лекари постапуваат по протокол на Инфективната клиника

Приватните лекари од Велес на мирен протест поради враќање на административни процедури

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека секој матичен лекар кој преку „МојТермин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19 ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење.

За пациент на домашно лекување, матичниот лекар, како што се посочува, постапува по претходно утврден и усвоен протокол на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Согласно истиот, матичниот лекар има обврска да го контактира пациентот два пати во текот на денот, да го известува системот МојТермин, кој потоа во форма на електронскиот извештај го испраќа во Министерството за здравство и до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Министерството за здравство вклучи близу 1.200 матични лекари во системот на детекција и следење на пациентите со коронавирус. Граѓаните кои имаат симптоми типични за Ковид-19, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, треба да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар, а не да одат во ординација. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да бидат тестирани. Тестирањето го закажува матичниот лекар, преку системот „МојТермин“ со точно време и место за тестирањето, стои во соопштението. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет