Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12 април), телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.
-Потребата за движење неевидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризните штабови, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности, информираат од Министерството за земјоделство.
Оттаму напоменуваат дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР).
-На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности, велат од МЗШВ. ир/