Утрински Весник
Економија

МЗШВ: Поефикасен пристап до апликацијата „Понуда-Побарувачка“

МЗШВ: Поефикасен пристап до апликацијата „Понуда-Побарувачка“

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Со цел поефикасно функционирање на апликацијата „Понуда-Побарувачка“ и полесна достапност за земјоделците и стопанствениците, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) отвори посебна електронска е-маил адреса, на која сите заинтресирани можат да праќаат податоци за својата понуда на земјоделски производи и побарувачка. Официјалната е-маил адреса за испраќање на податоци е ponudapobaruvacka@mzsv.gov.mk.

На оваа е-маил адреса, како што соопшти Министерството, е потребно да се пратат следните податоци – име и презиме на понудувач/побарувач,  место на живеење и телефонски број, име на производ, количество по единица мерка (бала, парче, килограм или тон).

– Апликацијата им овозможува на земјоделците брз и лесен пристап до податоците за расположливите количини и цени на земјоделски производи и добиток и во овие услови на вонредна состојба поради глобалната пандемија, да можат да тргуваат со своите производи, наведуваат од Министерството.

Согласно препораките на Владата за социјално дистанцирање, додаваат, заинтересираните понудувачи или баратели на определен производ, барањето може да го достават така што најпрво ќе го превземат образецот „Барање за понуда“ поставен на апликацијата, а потоа пополнетиот образец ќе го испратат преку мејл ќе го испратат на е-маил адресата ponudapobaruvacka@mzsv.gov.mk.

– Комплетната агропонуда, достапна е преку клик на банерот Понуда-Побарувачка на страната на МЗШВ или на страната на ЗПИС на следниов линк, како и на http://ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk/ , се вели во соопштението. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија