Утрински Весник
Македонија

МЗШВ ги намалува директните средби со странки, комуникацијата ќе се одвива телефонски или по електронски пат

Кривична за Ацо Спасеновски, како министер за земјоделство овозможил незаконска исплата на 7,3 милиони денари
Dik 300x250 mk

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), согласно препораките на Владата, донесе одлука да ги сведе на минимум директните средби со странки како превенција и елиминирање на можноста од ширење на вирусот КОВИД 19.

Според МЗШВ, сите планирани поголеми настани и работни состаноци во МЗШВ се откажани/презакажани.

-Сите што имаат потреба за контакт и информација од Министерството, тоа да го сторат на меил адресата info@mzsv.gov.mk и на контакт телефонот (02) 3134 477 од 08:30 до 16:30 часот, соопшти Министерството.

Воедно апелира до сите соработници и корисници на услугите да ги почитуваат превентивните мерки донесени од Владата за да се спречи ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно