Утрински Весник
Економија

Меѓународниот ден на трудот со синдикален протест за зголемување на платите

Сојузот на синдикати на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата.

Протестот ќе почне во 12:30 часот пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата.

Од ССМ повикаа и останатите синдикални организации и конфедерации во земјава да се приклучат на првомајскиот протест и заеднички да се изборат за работничките права.

Одлуката да се организира синдикален протест на 1 Мај е донесена од страна на Претседателството и Советот како највисоко тело на ССМ.

Можете да прочитате

Битиќи: Кризата со нафта како алатка за полнење на Буџетот?

Трипуновски: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Владата за понеделник најавува вонредни мерки за цените на горивата