Утрински Весник
Свет

Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Резултатите покажуваат дека подготвеноста за вакцинација против Ковид-19 е зголемена во последните неколку недели, односно во периодот во кој вакцините произведени од компании во САД, Русија, Кина, Германија и Велика Британија започнаа да се дистрибуираат во земјите низ Европа, Северна Америка и Азија.

Големото истражување е спроведено од страна на агенцијата YouGov на примерок од 19.000 луѓе, а резултатите покажуваат дека Британците и Данците се најсклони на вакцинација, додека Французите и Полјаците.

Во Велика Британија, 73% од испитаниците изјавиле дека ќе вакцинираат, а во Данска 70%. Но, во САД, нешто помалку од половина од испитаниците изјавиле дека се подготвени да ја примат вакцината против Ковид-19. Таа бројка, според „Ројтерс“, е релативно стабилна уште од јуни.

Во Полска, само 37% од испитаниците се подготвени да примат вакцина, а во Франција 48%.

Иако луѓето ширум светот генерално се подготвени да се вакцинираат, но тие веруваат многу повеќе во вакцините направени во Германија или САД отколку во оние што се направени во Русија или Кина, покажуваат резултатите од истото истражување.

Анкетата исто така покажува дека повеќето од оние кои велат дека не се подготвени да ја примат вакцината против Ковид-19, нагласуваат дека сакаат да почекаат и да видат дали вакцините се навистина безбедни, додека само мал процент може да се опишат како жестоки противници на вакцинацијата, пренесува „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење