Утрински Весник
Македонија

Меѓународната недела на Филозофскиот факултет

Меѓународната недела на Филозофскиот факултет

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА)„Иновации во хуманистичките и општествените науки“ е темата со која ќе се одбележи втората Меѓународна недела организирана од Филозофскиот факултет во Скопје.

Студентите на сите три циклуси на факултетот, од  17 до 21 февруари, ќе имаат можност да слушаат предавања од еминентни професори од САД, Канада, Англија, Франција, Холандија, Норвешка, Шведска, Португалија, Германија, Полска, Австрија, Словенија, Србија, Хрватска и Бугарија за иновациите во истражувањата.

Предвидени се и работилници за користење на дигиталните технологии во науката и наставата, како и презентација на меѓународните научни проекти чиј главен координатор е Филозофскиот факултет во Скопје.

Настанот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Францискиот институт, Фондацијата „Фридрих Еберт, Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика. дма/са/

 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни