Денес, со почеток во 12 часот, по повод Денот на пролетта во Скопје ќе се одржи Меѓународен фестивал на творештво за деца и млади.
Фестивалот ќе започне со онлајн трибина на тема Современото творештво за деца и млади денес. Потоа ќе настапат голем број творци кои создаваат за деца и млади, кои ќе се претстават со свои најнови поетски и прозни прилози и други искажувања.
Фестивалот го организира Издавачката куќа Феникс од Скопје и се надоврзува на претходните две меѓународни манифестации за Современите кратки книжевни форми и Современите авторски бајки.
По завршувањето на Фестивалот ќе биде објавен Книжевен преглед на современото творештво за деца и млади, во кој ќе бидат застапени повеќе од 100 автори од земјава и странство со свои најнови раскази и песни за деца и млади.
Текстот Меѓународен фестивал на творештво за деца и млади е превземен од МАКФАКС.