Утрински Весник
Магазин

Мет Дејмон ја продаде вилата во Пацифик Палисадес за 18 милиони долари

Мет Дејмон ја продаде вилата во Пацифик Палисадес за 18 милиони долари
Dik 300x250 mk

Мет Дејмон конечно ја продаде импресивната палата во Пацифик Палисадес за 18 милиони долари, откако имотот инспириран од Зен беше на пазарот на недвижности речиси една година.

Имотот од 13.508 квадратни метри првично беше наведен за 21 милион долари во јануари, но потоа намален на 17,9 милиони долари поради слабите понуди.

Извршната директорка на „Ворнер Брос“ Ен Сарноф е новиот сопственик на палатата со седум спални и 10 бањи.

Ѕвездата на „Борнов идентитет“ и сопругата Лусијана Баросо го купија имотот за 15 милиони долари пред речиси една деценија.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk

Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети

Растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив