Утрински Весник
Магазин

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

„Тор: Љубов и молња“ на Таика Ваити започна да се снима овој месец, а актерската екипа продолжува да расте. Британски „Дејли мејл“ објави дека Мет Дејмон ќе глуми во филмот на „Марвел“ со Крис Хемсворт (моќниот бог Тор).

Оскаровецот, наводно, слетал во Сиднеј со приватен авион и моментално е во задолжителен карантин пред продукцијата.

„Јас сум многу возбуден што моето семејство и јас ќе престојуваме во Австралија следните неколку месеци“, рече Дејмон. „Австралиските филмски екипи се познати во светот по својата професионалност, задоволство е да се работи со нив, така што, карантинот од 14 дена ќе вреди“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Турското крајбрежје ги нуди едни од најдобрите искуства за време на летните горештини

Дневен хороскоп за 10 Јули 2026 година

Истражување: Газираните сокови не само што дебелеат, туку и го забрзуваат стареењето