Утрински Весник
Магазин

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

„Тор: Љубов и молња“ на Таика Ваити започна да се снима овој месец, а актерската екипа продолжува да расте. Британски „Дејли мејл“ објави дека Мет Дејмон ќе глуми во филмот на „Марвел“ со Крис Хемсворт (моќниот бог Тор).

Оскаровецот, наводно, слетал во Сиднеј со приватен авион и моментално е во задолжителен карантин пред продукцијата.

„Јас сум многу возбуден што моето семејство и јас ќе престојуваме во Австралија следните неколку месеци“, рече Дејмон. „Австралиските филмски екипи се познати во светот по својата професионалност, задоволство е да се работи со нив, така што, карантинот од 14 дена ќе вреди“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Signal и WhatsApp под удар на хакери поврзани со Русија

„МЕЛАНИЈА“: По слабата заработка во кината, документарецот се сели на „Амазон Прајм“

Само две држави би можеле да преживеат светска нуклеарна војна