Утрински Весник
Магазин

Метју Пери реши да се жени

Метју Пери реши да се жени

Метју Пери објави дека е подготвен да го врзе јазолот со својата девојка Моли Харвиц, откако неодамна се спушти на едно колено за да ја запроси.

Во интерју за списанието „Пипл“, sвездата на „Пријатели“ рече: „Одлучив да се верам. За среќа, во тоа време случајно бев во врска со моментално најдобрата жена на планетава“.

51-годишниот Метју е во врска со 29-годишната Моли од 2018 година, и иако воглавно својата романса ја чуваат надвор од центарот на вниманието, Моли оваа година се појави на Инстаграм на Денот на вљубените за да се пофали со со нејзиниот сакан.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци што имаат природен талент за успех и пари

Шест навики што ја чуваат должината и ѝ помагаат на косата да расте здрава

Кој цвет го одразува вашиот хороскопски знак?