Утрински Весник
Магазин

Метју Пери го продаде раскошниот пентхаус во Лос Анџелес

Метју Пери го продаде раскошниот пентхаус во Лос Анџелес

По бројните намалувања на цената, актерот Метју Пери конечно го продаде својот раскошен пентхаус за 21,6 милиони долари.

Продажбата на резиденцијата, наречена „палата на небото“, претставува најскапа продажба на апартман во јужна Калифорнија во последните шест години, наведува „Лос Анџелес тајмс“.

 

Преземајќи го целиот 40. кат на високиот станбен комплекс Century Tower во Лос Анџелес, импресивниот имот може да се пофали со четири спални соби, шест бањи, и секако неспоредлив поглед кон градот.

Од дневната соба до бањата, секој сантиметар од апартманот е неверојатен призор.

 

Можете да прочитате

Пролет 2026: Два знаци со најголеми шанси за финансиски напредок

Дневен хороскоп за 19 март 2026

Одењето може да ги открие емоциите на луѓето