Вашингтон, 15 април 2020 (МИА) – Покрај финансиската помош од САД, која верувам дека досега изнесува околу 1,2 милиони долари, и американски компании нудат помош на Северна Македонија во справување со Ковид-19, изјави специјалениот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмерза Гласот на Америка.
– „Кока Кола“, „Мајкрософт“ и многу други американски компании кои имаат бизнис на Балканот, излегуваат со нивен придонес, истакна Палмер.
Тој, исто така, додаде дека Американската трговска комора работи да го координира одговорот и да обезбеди различни извори на асистенција.
– Убеден сум дека САД ќе продолжат да обезбедуваат финансиска помош и асистенција за нашите пријатели, партнери и сојузници, со цел заедно да го поминеме ова и да излеземе посилни, изјави Палмер. кб/сп/