Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Метеоролозите најавуваат промена на времето – до четврток пороен дожд и грмежи

Метеоролозите најавуваат промена на времето – до четврток пороен дожд и грмежи
Img 7972

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во четврток претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.

Можете да прочитате

Мицкоски: Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица е за пари, ВМРО-ДПМНЕ е за народот

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат