Утрински Весник
Македонија

Мета му честиташе на Пендаровски за ратифкацијата на Протоколот за членство во НАТО

Мета му честиташе на Пендаровски за ратифкацијата на Протоколот за членство во НАТО

Тирана, 17 март 2020 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета, на неговиот македонски колега Стево Пендаровски, му ја честитал ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на шпанскиот Парламент и неговото потпишување од страна на кралот Филип.

Мета, како што стои стои на официјалната веб – страна на албанскиот претседател, наведува дека со голема радост ја примил веста и додава дека Северна Македонија сега веќе е 30-та земја-членка на НАТО иако тоа го заслужувала многу поодамна.

-Ова е една многу радосна вест за сите нас,бидејќи членството на Северна Македонија во НАТО е во служба на зацврстување на сигурноста, стабилноста и мирот и тоа не само во регионот. Албанија беше меѓу првите земји што го ратификуваа овој Протокол и отсекогаш била постојан поддржувач на вашето патување во НАТО. Ова е круна на вашите неспорни достигнувања кон стандардите што ги бара Алијансата, како и на нашите заеднички напори, дури и во рамките на Јадранската повелба, каде што нашите земји меѓусебно се поддржуваа и помагаа, пишува Мета.

Изразува убедување дека Албанија и Северна Македонија, како две соседни земји, сојузници на НАТО и со заеднички европски и евроатлантски визии „дополнително ќе ја зајакнат соработката и ќе придонесат за натамошно зајакнување на колективната безбедност“.

-Честитајќи ви уште еднаш за овој извонреден настан, Ваша екселенцио, уште еднаш ја искажувам мојата огромна почит!,наведува Мета постирајќи фотографија на која се заедно со Пендаровски. вт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ