Утрински Весник
Спорт

Металург се засили со пикерот Бранко Канкараш

Металург се засили со пикерот Бранко Канкараш

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Раководството на Металург го обезбеди второто засилување за следната сезона. Се работи за црногорскиот репрезентативен пикер Бранко Канкараш, кој сезонава ја заврши во тимот на Мешков Брест. Тој со тимот од Автокоманда потпиша едногодишен договор.

Канкараш во својата кариера настапувал за српските екипи Југовиќ (2006-2013), Металопластика (2013-2014) и Војводина (2014-2015), турскиот Мерзин (2014-2015), француските Валанс (2015-2017) и Истр (2018-2019), како и за белорускиот Мешков Брест (2019-2020).

Канкараш има искуство и во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата.

Претходно, поранешниот репрезентативец на Србија Момир Рниќ (32) договори едногодишна соработка со металурзите.

Рниќ во кариерата има настапувано за Пролетер, Горење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Ловен.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност