Утрински Весник
Спорт

Меси стигна до 250 асистенции за Барселона

Меси: Верувам во играчите и тренерскиот штаб, ќе се бориме за сè

Барселона, 24 јуни 2020 (МИА) – Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси и во победата остварена синоќа проитв Атлетик Билбао (1:0) имаше значајна улога. Тој му асистираше на Хрватот Иван Ракитиќ во 71. минута при постигнувањето на единствениот гол на средбата.

За Аргентинецот ова беше јубилејна 250-та асистенција.

Меси има:
177 асистенции во Ла Лига;
33 во Лигата на шампионите;
32 во Копа дел Реј;
5 во Суперкупот на Шпанија;
2 во Суперкупот на УЕФА;
1 во Светското клупско првенство. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0